Здравата исхрана подразбира секоја недела на вашето мени барем еден ден да има риба.
Лекарите препорачуваат неделно да јадеме околу 300 грама риба, но ретко кој се придржува до овие препораки.
Ако веќе ретко јадете риба, погрижете се да ја јадете онаа која најдобро влијае на вашето здравје.
Риба богата со омега 3 масни киселини
Омега 3 масните киселини имаат повеќекратно влијание на вашето срце, а ги наоѓаме во помасна риба, чие месо изобилува со овие здрави маснотии.
Со само неколку порции од 120 грама од оваа риба неделно, може да го намалите ризикот од срцеви болести за 36 отсто. Исто така, омега 3 масните киселини го намалуваат ризикот од мозочен удар и Алцхајмер.
Т.н. бела риба содржи помалку калории од помасните видови риби, а истовремено е полна со протеини. На пример, рибите со ниско ниво на масти како бакалар, бранцин или ослич содржат помалку од 120 калории во порција со големина од 90 грама и притоа ви даваат многу протеини.
Доколку не сте љубител на риба, а саката својата исхрана да ја збогатите со повеќе морски плодови, бранцинот е одлична појдовна точка. Неговото месо има благ вкус и мирис и одлично одговараат со различни видови на маринада.