Штокер по средбата со Мицкоски: Најдобро ќе биде цврсто да се закотват С. Македонија и целиот регион во ЕУ

Австрискиот канцелар Кристијан Штокер денеска од заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски порача дека пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ мора да биде крајна цел и дека истите правила мора да важат за сите кандидати.
– Време е да ги оставиме зад себе разните гледишта и да преземеме геополитичка одговорност за доброто на нашата заедничка Европа. Најдобро ќе биде цврсто да се закотват Северна Македонија и целиот регион во нашето семејство – ЕУ. Сега е моментот да размислиме и да дејствуваме стратешки не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, порача австрискиот канцелар.
Нагласи дека Австрија останува да биде еден од најголемите поддржувачи на патот на С. Македонија кон Европската Унија.
Според премиерот Мицкоски, Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби, нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни и нема да биде конкуретна ако нејзините економии не растат заедно.
Мицкоски порача дека потребна е Европа која дејствува и која не се двоуми, Европа која не се плаши од конкуренција, туку која создава.
– Ние сме подготвени да работиме. Подготвени сме да носиме одлуки. Подготвени сме да испорачаме резултати. И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација. Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат, рече Мицкоски.
Оцени дека Австрија е еден од ретките партнери со кои Македонија може да ја претвори економската визија во реалност.

Пронајдете не на следниве мрежи: