Камил Штох од Полска го освои златниот медал во ски скоковите кои во италијанскиот Вал ди Фјеме се одржаа на 134-метарската скокалница.
Штох до светската титула стигна со скоковите од 131,5 и 130 метри, кои му донесоа 295,8 бодови. Полскиот ски скокач зад себе го остави Словенецот Петер Превц кој имаше скокови од 130,5 и 131 метар, што му беше доволно за сребрениот медал, бронзата му припадна на Андрес Јакобсен од Норвешка. Лидерот во Светскиот куп, Грегор Шлиренцауер заврши на осмото место, додека светскиот првак на малата скокалница, Андрес Бардал го освои 11-то место. Светското првенство ќе заврши во сабота кога на програмата ќе биде екипното натпреварување на големата скокалница.
Макфакс
Камил Штох од Полска го освои златниот медал во ски скоковите кои во италијанскиот Вал ди Фјем