Што вели науката за еднаш прељубник, секогаш прељубник?

Студија во која биле следени парови во период од пет години откри дека луѓето кои го изневериле партнерот во првата врска постои ризик од трипати повеќе дека најверојатно ќе го изневерат и следниот партнер.
Научници најдоа докази кои го поддржуваат старото правило „еднаш прељубник, секогаш прељубник“ кога станува збор за изневерување во врска.
Истражувачи од Универзитетот во Денвер сакаа да откријат дали неверството во претходната врска е ризик фактор за неверство во следните врски. За да го докажат тоа, набљудувале 484 луѓе кои биле во врска и ги прашувале за нивните сексуални активност надвор од моменталната врска, без разлика дали изневерувале или не, како и дали се сомневаат дека партнерот ги изневерува.
Потоа ги следеле нивните врски за да видат дали оние кои изневериле во првата врска ќе изневерат и во следната. Студијата го следела нивниот сексуален живот во рок од 5 години и резултатите откриваат дека оние кои се сомневаат дека партнерот ги изневерува имаат поголема веројатност да се сомневаат дека и следниот партнер ги изневерува.


Од друга страна, луѓето кои знаеле дека првиот партнер ги изневерил, пријавиле дека биле изневерени и од следниот партнер.
Авторите напишале дека студијата наречена „Еднаш прељубник, Секогаш прељубник? Сериско неверство во следните врски“ покажува дека некогашното изневерување е важен фактор кој укажува на неверство во идните врски. Во основа, ако партнерите претходно изневерувале, многу е поголема шансата тоа повторно да го сторат.
Значи, ако партнерите изневериле во првата врска некој со кој не биле во брак, уште поголема е веројатноста дека ќе изневерат во втората врска дури и ако се во брак.
Иако оваа студија е помала во однос на бројот на учесници и потребни се понатамошни истражувања, научниците се надеваат дека истата ќе помогне во спречување на сериско неверство во врските.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.