Што ви треба за пролетен детокс на организмот +Листа на чаеви






Зимата е веќе зад нас, но наталожените масти од покалоричната исхрана и недвижење и подзаборавените здрави навики си го земаат својот данок. Периодов повеќето луѓе се чувствуваат безволно, им недостига енергија, облеката им станува тесна…Нема оправдувања, време е за пролетно чистење на организмот и враќање во форма.

Започнете го денот со сок од лимон. Исцедете еден лимон наутро, додадете млака вода и испијте го на празен стомак пред појадокот.
Вежбајте-Изберете ја вашата омилена активност – трчање, возење велосипед, танцување, кардио, пилатес, јога, …изборот е ваш. Не претерувајте, на почеток нема да имате премногу енергија со оглед дека треба да ја смените и исхраната, но сепак практикувајте физичка активност секојдневно.
Обидете се да консумирате храна во свежа, необработена форма, бидејќи на тој начин ензимите кои се неопходни за добро варење остануваат зачувани. За да го направите процесот позабавен, пробајте нова храна, вклучете никулци или нешто што досега не сте го користеле во вашата исхрана.
Обидете се да медитирате 15 минути на ден и научете да дишете правилно. Релаксацијата и медитацијата ќе ви помогнат да го ослободите насобраниот стрес
Пијте колку што е можно повеќе течност. Тоа ќе направи чуда за вашиот тен и целото тело. За да направите детална детоксикација на бубрезите и црниот дроб, не е лоша идеја во водата да додадете малку ѓумбир, лимон и камилица. Доколку пак не сте љубител на вода со „зачини“, обичната вода ќе го направи своето.
Наполнете ја кадата со млака вода и додадете малку сода бикарбона, ароматични масла и дајте си малку одмор со пријатна музика и добра книга. По пријатно капење, направете пилинг на целото тело со мешавина од мелено кафе, кафеав шеќер и неколку капки маслиново масло. После овој пилинг ќе ви се подобри циркулацијата и ќе ги отстраните насобраните мртви клетки.
Листа на чаеви за детоксикација на организмот:
Зелен чај – Содржи материи кои го забрзуваат метаболизмот, полн е со антиоксиданси, особено оние кои ги нема во овошјето и зеленчукот.
Чај од ѓумбир – Го подобрува варењето на храната и дава чувство на ситост.
Чај од шипка – Содржи витамин Ц и антиоксиданси, а се препорачува за зајакнување на имунитетот
Глуварче –Одличен за проблеми со кожата, чистење на црниот дроб и како диуретик.
Чај од рузмарин, коприва или цимет – Ја намалуваат надуеноста на стомакот
Чај од валеријана или липа – Помагаат да се ослободите од стресот

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: