Што е ГМО?
ГМО е кратенката која стои за Генетски модифицирани организми, во случајов Генетски модифицирана храна. Оваа храна е резултат на лабораториски процес при кој гените од еден вид се внесуваат во организам од некој сосема поинаков вид, растение или животно, кои по природен пат во ниеден случај не би можеле да се поврзат. Ваквите гени може да се земат од бактерии, вируси, иснекти, животни, па дури и од човекот. Овој процес на поврзување на два различни вида се нарекува генетски инженеринг.
Со помош на овој генетски инженеринг се прават комбинации од видови кои во природата не е возможно и не е посакувано да се комбинираат. Зошто? Бидејќи преку овој процес ги менува во целост особините на организмот кој се создава преку генетско модифицирање и не наликува повеќе на природната форма во која сме го имале претходно. Еден едноставен пример се јагодите или доматите, кои за разлика од порано, денес многу повеќе траат, не замрзнуваат, не скапуваат без разлика на временските услови и дури и нивниот вкус не е ист.
Имено, во ваквите плодови, се всадуваат гени од некои поларни риби или друг вид кој живее на многу ниски температури и на тој начин се постигнува овие плодови да не замрзнуваат и да се подолготрајни. На сметка на тоа, нивната ДНК се менува и може предизвика разни реакции кај оној кој ја консумира храната.
Тоа е така бидејќи резултатот од генетската модификација не е прецизен и не е предвидлив. Поголем дел од нашата секојдневна исхрана содржи ГМО, а ефектите од истата се навистина лоши на долгорочен план. Затоа, мораме да бидеме навистина внимателни и да се трудиме што повеќе да се информираме за потеклото и составот на храната која ја јадеме.