Што ги дочека вработените во трговски центар во Малезија, по 2 месеци пауза?
Шопинг центрите во Малезија се отворени за првпат по 2 месеци пауза, а првиот ден на работа дефинитивно не одел по планот.
Поради фактот што цели два месеци не работеле вентилациите и клима уредите, кожените чевли, чанти и други бројни артикли, како и делови од мебелот се целосно уништени.
Мувла ги прекри стотиците нови артикли низ продавниците, а штетата која е настаната тешко дека некој и некако ќе може да им ја надомести.
Во други продавници, продуктите биле прекриени со тон прашина, исто како и столчињата во кино-салите.