Што да направите со оштетените пари и како да ги замените?

Народната банка ги прима и ги заменува книжните и кованите пари што станале непогодни за промет од банките основани во Република Македонија и филијалите на странските банки во Република Македонија.
За излитени пари се сметаат книжните пари кои што со текот на употребата се дотраени, истенчени, испревиткани заради што станале меки и непогодни за промет, оние кои значително се избледени, извалкани, намален им е квалитетот на хартијата и бојата заради што некои од нивните основни карактеристики (апоен, мотиви на банкнотата, елементи на заштита) се слабо видливи и се несоодветни за понатамошна употреба.
За оштетени пари се сметаат книжните пари на кои преостаната површина изнесува повеќе од 60 проценти и имаат барем една неоштетена (видлива) нумеричка ознака (сериски број на банкнотата), оние кои се поткинати и залепени со леплива лента, скинати на повеќе делови и залепени со леплива лента а со споредбата на сериските броеви може да се утврди дека неспорно станува збор за иста банкнота, банкнотите кои се закинати повеќе од 5 мм, имаат една или повеќе дупки, на кои е пишувано, цртано, коишто се нагризени, изгниени, избледени заради перење, исчадени, стуткани со повеќекратни набори, коишто се полиени со мастило, боја, маснотија, хемикалија, коишто се изгорени, а јагленосаниот дел е помалку од 40% од површината на банкнотата, коишто се обоени со јака боја со која се врши хемиска заштита на банкнотите во транспорт, односно кога банкнотите се обојуваат при насилно отворање на пакување со банкноти.
Банките се должни да вршат обработка на готовината, а книжните пари што ги идентификувале како непогодни за промет при обработката и согласно утврдените критериуми, ги отстрануваат од прометот, ги пакуваат и ги доставуваат до Народната банка за замена.
Банките преку своите организациски делови примаат и вршат замена на книжни пари што станале непогодни за промет доставени од физички и правни лица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.