Што да јадете на топло време

За време на летните горештини најдобар избор е лесната храна подготвена на брз и едноставен начин. Зеленчукот треба да биде свеж, како салата со разни преливи или обарен на пареа а потоа полиен со малку масло (најдобро маслиново), сок од лимон или мешавина на јогурт со разни зачински билки, како што се магдонос, целер, босилок, нане…
Добра варијанта на летен ручек е сосема малку пржен или варен зеленчук, како што се тиквичките, карфиолот, пиперките или модриот патлиџан, со додаток на сирење и јајца.
Додека траат високите температури, најдобро е да го намалите внесот на месо и што почесто да го заменувате со риба.


Пилешко и младо јунешко или телешко месо се подобар избор од мрсното калорично свинско месо.
Месото и рибата е најдобро да се печат во алуминиумска фолија, додека скарата може да се замени и со тефлон-тавче. Печени на тој начин, со салата, претставуваат здрав летен оброк.
Во лето треба да се јаде повеќе овошје,изборот е раскошен и богат, искористете го тоа. Единствено, луѓето со чувствителен желудник и отежнато варење, треба повеќе да внимаваат, односно треба да се определат за компот или за некоја друга овошна преработка. За засладување е најдобро да користите мед отколку шеќер, а пред консумирање, овошјето треба да се мие под млаз вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.