Што е најважно за сексуалната желба кај жените?

Ново истражување за женската сексуалност покажа дека хормоните кај поубавиот пол не се фактор кој ја буди желбата за секс. Напротив, одлучувачки фактори се задоволството на жената од односот со партнерот и други психосоцијални фактори.
Истражување, спроведено во неколку американски градови покажа дека нивото на тестостерон и други сексуални хормони имаат ограничена улога при производството на женска желба за секс, особено во периодот на менопауза. Иако тестостеронот е главен машки сексуален хормон, жените исто така го имаат во мали количини, а го произведуваат јајниците.

Додека нивото на тестостерон и останатите репродуктивни хормони отсекогаш се сметани за клучен фактор за сексуална желба кај жените, нашата голема студија сугерира дека за тоа, всушност, се клучни психосоцијални фактори“, изјави др. Џон Рандолф од Медицинскиот факултет во Универзитетот во Мичиген.
Имено, студијата се заснова врз теза дека за сексуална желба кај жената, исклучително е важно таа во врската да се чувствува емоционално добро. Истражувачите собрале податоци за 3.302 жени, кои учествувале во студијата за проучување на женското здравје, со цел да се анализира врската измеѓу репродуктивните хормони и сексуалната функција во текот на менопаузата.
Жените биле прашани за својата желба за секс и сексуалните активности. Исто така, дале примерок од крвта од која им било измерено нивото на тестостерон и други репродуктивни хормони, меѓу кои и DHEAS, кое телото може да го претвори во тестостерон или во облик на естроген кој се нарекува естрадиол.
Во истражувањето наишле на жена која природно имала поголемо ниво на тестостерон, отколку што е тоа вообичаено кај жените и поради тоа почесто чувствувала желба за секс, отколку жените со пониско ниво на тој хормон.
Но, истражувањето особено ги изненадило со еден факт, кој сигурно ќе реши многу дилеми во врска со женската сексуалност. Имено, научниците забележале дека жените кои биле задоволни од емоционалниот однос со својот партнер, имале и подобри сексуални односи со партнерот.
Односите со партнерот и секојдневието, предизвикува значително влијание врз сексуалната желба на жената“, нагласува Рандолф, а ова се однесува за целиот женски род во целина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.