Заборавете на шопингот и чоколадото, затоа што повеќето жени ги ценат своите пријателите. Истражувањето спроведено во Австралија покажало дека повеќето жени се здобиваат со чувство на среќа од своите пријатели.
Вкупно 84 отсто од 6250 анкетирани жени се потпираат на своите пријателки кога станува збор за совети, поддршка и забава.
“Жените ни кажаа со свои зборови дека среќата доаѓа од љубовта, сигурноста, поддршката и дружењето од страна на семејството и пријателите. Она што го расипува чувството на среќа е грижата за пари, политика, лични несреќи, недостаток на време и слабата поврзаност. И покрај овие притисоци, добрите пријатели се многу важни за жените, бидејќи тие носат доза на разумот во овој вртлог на хаосот. Пријателите им помагаат на жените да останат смирени “, изјави Натали Мектиер, извршен директор на Kidspot компанијата која ја спровела студијата.
Истражувањето исто така покажа дека храната има многу важна улога кога станува збор за среќата – 76 отсто од жените изјавиле дека нивната храна обезбедува големо задоволство.
Повеќе од 66 отсто од жените се вечни оптимисти и веруваат дека нивната напорна работа ќе им се исплати на крај.
Најголемиот непријател на среќата за повеќето жени, 72 отсто, е нивната тежина.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Заборавете на шопингот и чоколадото, затоа што повеќето жени ги ценат своите пријателите. Истражувањето спроведено во