Што е поздраво – брокула или карфиол?

Брокулата и карфиолот се богати со антиоксиданти и содржат малку јаглехидрати. Иако изгледаат слично, брокулата и карфиолот имаат многу разлики.
Корисно е да јадете и брокула и карфиол. Содржат малку калории, а многу витамини и минерали. Содржат многу растителни влакна и витамин Ц. Влакната помагаат за подобро варење и отстранување на токсините во телото, а витаминот Ц е добар во борба против инфекции, зајакнување на имунитетот, придонесува за зараснување на рани и го подобрува сјајот на кожата.
Едно шолја карфиол содржи 27 калории, 5,5 г јаглехидрати, 2 г влакна и 2 г протеини. Шолја брокула содржи 31 калорија, 6 г јаглехидрати, 2,5 г влакна и 2,5 г протеини. Брокулата содржи поголем процент витамин Ц и К, додека карфиолол има поголема количина на витамин Б5 и Б6.
Карфиолот е омилен на вегетаријанците и на оние коишто се на кето диета. Има многу начини на кои може да подготвите карфиол, па дури и да направите тесто за пица.
Антиоксидансите во карфиолот го успоруваат стареењето и ги отстрануваат слободните радикали од телото.


Брокулата содржи сулфорафан кој го намалува воспалението, нивото на шеќерот во крвта, а добра е и за здравјето на очите. Карфиолот содржи антиоксиданти кои го чистат телото.
Имаат бројни предности за здравјето на срцето. Луѓето кои јадат брокула и карфиол имаат помали шанси да развијат срцеви заболувања.
Го одржуваат нивото на добри бактерии во цревата, а растителните влакна го намалуваат нивото на холестерол.
Што е поздраво – брокула или карфиол?
Тешко е да се одреди кој зеленчук е подобар избор. Одговорот на поставеното прашање зависи од вашиот вкус и од начинот на исхрана. На пример, ако сакате да ослабете јадете карфиол, но колку сакате повеќе витамини и минерали во исхраната јадете брокула.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.