Не е сеедно дали пиете топло или студено кафе. Според ново истражување спроведено од професори по хемија, топлото кафе е поздраво од студеното бидејќи има повеќе антиоксиданси.
„Кафето има доста антиоксиданси. Ако го пиете умерено, истражувањата покажуваат дека може да биде прилично добро за вас. Откривме дека топлото кафе има повеќе антиоксиданси од студеното“, вели професорката Меган Фулер.
Таа и нејзин колега истражувале на оваа тематика и откриле дека топлото кафе има поголеми ефекти на здравјето, вклучувајќи го и тоа дека го намалува ризикот од некои видови рак, дијабетес и депресија.
Овие научници откриле дека топлото и оладеното кафе имаат исто pH ниво, што ги поништува претходните тврдења дека студеното кафе има помалку киселини и дека поради тоа не предизвикува жиговина (непријатно чувство на киселост што се јавува во грлото предизвикано од стомачни киселини) и проблеми со цревата.