Што е полошо од изневерување?
Што би можело да биде полошо од тоа некој наеднаш да ви го скрши срцето? Постојат многу нешта кои вашиот партнер ги прави кои пополека ја уништуваат врската, а вие го забележувате само моментот кога ќе ве изневери.
Она што е полошо од изневерување е постојаното вметнување на мали лаги. Недовербата или стравот во форма на мали лаги од типот на „работам доцна“, а гледал фудбал со другарите или пиела вино со другарките се токсични и ја уништуваат врската.
Кога партнерот е злопамтило никогаш не сте на чисто во ниту една дискусија. Можеби сте мислеле дека проблемот е решен, но партнерот кој едвај чека да ве прејде е мошне опасен човек за врска и не ви е потребен во животот. Овие луѓе никогаш нема да прифатат вина ниту компромис и постојано ќе бараат оправдување да ве повредат при тоа обвинувајќи ве вас за што и да сторат.
Партнерот кој не комуницира е полош од оној кој ве изневерил. Овие луѓе вообичаено имаат превисоко мислење за себе и сметаат дека секогаш се во право па, така, не веруваат во комуникација и решавање на проблеми. Тие ќе ве напуштат првиот момент кога ќе ги соочите со нивните грешки.
Оние партнери кои удобно си уживаат во вашата сигурност се полоши од оние кои изневериле. Кога некој доволно добро ве познава и знае сте сѐ може да му помине без вие да заминете е поголемо изживување со вашите нерви и емоции од прељуба.
Партнерот кој почнува да ја носи социјалната маска по дома станал извештачен до таа мерка да ве тера да се посомневате во неговите вистински чувства. Кога и да забележите вакво однесување подобро бегајте. Ваквиот тип луѓе одат најдобро со еднакво добри глумци и глумици, а не луѓе со вистински чувства.
Пред целосно да се препуштите некому никогаш не ги погазувајте сопствените принципи дури и по цена да останете сами. Неверството не е најлошото нешто што може да ви се случи ако свесно сте дозволиле да бидете дел од исцрпувачка врска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.