Што е правилото од „четири часа“ за вода од чешма и дали го практикувате?

Можете да видите многу луѓе на улица со шишиња во рацете, а тие обично содржат вода од чешма.
Водата од чешма нуди бројни предности во однос на другите често консумирани течности: таа е подостапна, поевтина, поздрава…
И покрај високите стандарди за квалитет на водата, бактериите може да се најдат во водоводните цевки. Покрај тоа, мали количини на загадувачи може да навлезат во водата од славината.
За да се избегне ова, Центарот за советување потрошувачи на Северна Рајна-Вестфалија во Германија го препорачува таканареченото „четиричасовно правило“.
Ако чешмата не е користена повеќе од четири часа, првата вода не треба да се пие директно. Наместо тоа, оставете ја да тече додека не излезе од чешмата значително постудена. Ова обично трае само неколку секунди, најмногу 30. После тоа, водата е свежа и може да се користи за пиење или готвење без двоумење.
Иако водата од чешма е евтина, секојдневната употреба може да предизвика дополнителни трошоци за вода на годишно ниво. За да се избегнат дополнителни трошоци, пожелно е првата вода да се користи за други цели – на пример, за полевање цвеќиња, чистење или миење садови.
Иако телото може полесно да ја свари млаката вода отколку ладната, препорачливо е да не се пие топла вода директно од чешмата. Микробите можат полесно да се размножуваат во цевките кога станува збор за топла вода.
Ако преферирате топла вода, подобро е прво да ја сварите или да ја оставите на собна температура.

Пронајдете не на следниве мрежи: