Што е тоа САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ?!

Денес, 06.03.2024, под покровителство на МИТ Универзитетот, а во рамки на деловните настани во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, се одржа експертско предавање на тема Сајбер безбедност.

Претставникот на софтверската компанија Еликософт, Бојан Петровски, ги запозна присутните со основните ризици во сајбер просторот, како и со начините и решенијата со кои приватните и јавните организации може да се заштитат од истите.

Исто така, беше презентирано и портфолиото на Еликософт во областите на софтверски решенија и автоматизација на процеси во индустрија и градежништво, како и дигитализација на процеси во ресори на национална безбедност и други ресори од јавниот сектор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.