Што е тука вистина, вистински чекор и вистинска политика

– Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи, изјави министерот Филипче за фотографијата на која, божем, ја вакцинира својата внука.
Веднаш по објавувањето на фотографијата многумина сфатија дека вакцинирањето е само за сликање. Во интервју за „Радио Слободна Европа“ министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но сепак и покрај фотографијата, не ја вакцинирал бидејќи таа е мала за вакцина за МРП. Било добро, вели, со личен пример да се покаже дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика! Е, сега како е вистина, кога не е вистина и во што дури сега родителите треба да веруваат, останува отворено прашање кое заслужува дополнителен одговор.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.