Што е „butter skin“ ефектот и како да го постигнете на вашата кожа?

Овој термин ја опишува кожата на лицето и телото која е мазна, хидрирана, мека и со природен сјај, речиси како текстурата на путерот. Замислена како кожа која изгледа беспрекорно здрава и природна, „butter skin“ е идеалот кон кој многумина се стремат во денешниот свет на убавина.
За да го постигнете овој изглед, клучот е во правилната нега на кожата, која вклучува хидратација, заштита од надворешни фактори (како сончевите зраци и загадување) и редовно чистење. Со цел да се постигне ефектот на „путер кожа“, многумина користат производи кои вклучуваат богати хидратантни креми, масла, серуми, како и пилинг кој ги отстранува мртвите клетки од кожата.
Зошто „butter skin“?
Самиот термин доаѓа од текстурата на путерот, кој е богат, кремаст и мазен на допир, поради што се користи како метафора за совршено мека и хидрирана кожа. Покрај тоа, кожата е здрава и негувана и има природен сјај.
„Кожата како путер“ е вистински контраст на гламурозните и камуфлирани изгледи кои беа популарни оваа зима – ја слави природната текстура на кожата, нејзиниот здрав изглед и виталност. Донесуваме неколку начини за постигнување на овој ефект!

Длабока хидратација
Најважниот чекор кон постигнување „butter skin“ е хидратацијата. Користењето производи кои содржат хијалуронска киселина, глицерин и други моќни навлажнувачки состојки и помага на кожата да ја задржи влажноста. Маслата богати со витамин Е, како маслото од арган или маслото од авокадо, исто така помагаат да се задржи влагата и да се создаде заштитен слој на кожата. Покрај тоа, хидратацијата мора да доаѓа и одвнатре, па затоа е клучно да се внесува доволна количина на вода.

Редовно чистење и пилинг
За да биде мазна и здрава, потребно е редовно да се отстрануваат мртвите клетки кои можат да предизвикаат појава на кожа која изгледа сува или задебелена. Пилингот на неделно ниво го стимулира обновувањето на клетките на кожата, а таа станува чиста и подготвена да ги апсорбира хидратантните состојки.
Употреба на антиоксиданси
Состојките како витамин Ц и ниацинамид помагаат во борбата против оштетувањето на слободните радикали и познато е дека ги намалуваат темните дамки и нерамномерниот тон на кожата. Ова ја прави кожата сјајна и мазна, а тенот рамномерен и без промена на бојата.

Пронајдете не на следниве мрежи: