Што значат белите точки на ноктите? Дерматолог ги објаснува можните причини

Ноктите содржат протеин познат како алфа-кератин којшто делува како полимер, за да обезбеди заштитен слој на кожата која се наоѓа под нив.

Баш како и вашата коса (која е направена од истиот протеин), на ноктите исто така може да воочите одредени проблеми со здравјето.
Доколку се случи една од тие промени да бидат белите точки, тоа би можело да биде знак дека мора да направите пауза од маникир.

Што се белите точки на ноктите?
„Белите точки (технички наречени точкeста леуконихија) се дефинирани наслаги на креатин на површината од ноктот“, објаснува Пол Џерод Френк, познат козметички дерматолог од Њујорк. Тој истакнува дека таквите линии можат да бидат поставени дијагонално или хоризонтално.

Што ги предизвикува?
Спротивно од популарното мислење, веројатно не е во прашање недостаток на калциум.
„Белите точки на ноктите се типичен знак на оштетување на ноктот поради сувост или трауми. Луѓето кои ги грицкаат ноктите склони се да ги добијат овие дамки, како и оние кои често одат на маникир. Многу ретко тоа е знак на недостаток на одредени минерали како што се цинк и калциум“, објаснува д-р Френк.

Тој додава и дека некои од белите точки можат да бидат предупредување за аутозомен ген којшто е наследен (состојбата се нарекува тотална вродена наследна леуконихија), додека исто така можат да иницираат и на габична инфекција или алергиска реакција на состојката акрил или гел од маникир. Овие последните веројатно ќе изгледаат како „расфрлани“ бели точки, додека пак оние кои иницираат на траума треба да бидат сконцентрирани на едно место.
За ноктите да бидат чисти, д-р Френк предложува да ги одржувате хидрирани, да избегнувате грицкање на ноктите и да правите пауза меѓу маникирите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.