Деталите околу пакувањето на производите, како што се круговите на ќесичките со чипсови и симболите на етикетите за козметика можат да бидат мистични за просечниот потрошувач. Со години, на Интернет кружи графика, која тврди дека го објаснува скриеното значење зад обоените ознаки назабните пасти. Иако е точно дека тие кодови на бои ги има со причина, причината е многу помалку интересна отколку што сугерираат онлајн гласините.
Што значат боите на пастата за заби?
Едно истражување тврди дека боите на рабовите на тубите со паста се поврзани со одредени видови на состојки. Зеленото означува природно, синото означува природно и медицинско, црвенотп значи природен и хемиски состав и црното означува чиста хемикалија.
Како и да е , ова значење не е вистина. Ознаките на пакувањето на пастите за заби немаат никаква врска со состојките внатре – па дури и да имаа, класификациите како природни и хемиски се премногу нејасни за да значат нешто. Вистинската причина зошто боите се таму е да и помогнат на машината одговорна за пакувањето. Малите обоени правоаголници всушност им кажуваат на сензорите каде треба да се пресече или свитка тубата. Штом пастата за заби стигне до продавницата, ознаките веќе не служат за некоја цел.
Ако сакате да дознаете повеќе за состојките во вашата паста за заби, тоа не е толку тешко како дешифрирање на мистериозен код. Компанијата Колгејт вели дека компаниите за орална нега не ги обележуваат своите пасти за заби со обоени квадрати за да се обидат да ги измамат потрошувачите и да ги сокријат состојките од нив. Ако сакате да знаете какви состојки има вашата паста за заби, не барајте бои. Наместо тоа, погледнете го пакувањето со сеопфатен список на состојки.