Што значат поразите во животот?

Кажете ми, колку пати сте се изгореле од луѓе, искуства и таги? Како сте го поднеле сето тоа? Дали сте плачеле со денови, сте се проколнувале себеси и судбината или сте ги проколнувале и пцуеле луѓето кои ти го врзале каменот околу вратот и те оставиле да тонеш сѐ подлабоко?
Дали поразите сте ги сфатиле како камења на душата, кои засекогаш ќе останат вов тебе и ќе ја црпат твојата позитивна енергија и љубов? Треба да знаете дека второто име за поразот е искуството. Тоа не мора да биде ништо ужасно. За да напредуваме и да одиме нагоре, мораме да поминуваме и низ тешки работи. Зошто? За да станеме поцврсти, за да можеме да го цениме тоа што имаме: и животот и сите луѓе во него.


Поразот е показател дека сѐ уште се грижиш и дека сѐ уште се бориш за да стигнеш онаму каде што сакаш, наместо да стоиш во место и да чекаш нешто да се промени. Така немаш ни победи, ни порази, ниту тага, ниту среќа. Животот тогаш би бил едноличен и досаден, а ние само би постоеле, но не би живееле и сигурна сум дека не посакувате таков живот.
Понекогаш мораме да се сопнеме од камен кој ќе нѐ врати во минатото и ќе нѐ потсети на болните лекции кои не сме ги научиле кога требало, па животот повторно ни ги сервира, сѐ додека конечно не ги научиме. Тој камен отвора можности за развој, тој камен ни го отвора очите и конечно гледаме зошто сме морале да минеме низ болката.
Радувајте се на секој нов ден и на секој нов пад. Тој пораз е само моментален пад на твојата енергија, љубовта кон себеси, самодовербата и довербата во универзумот. Тој пад не значи дека нема да можете да станете, ниту пак дека не ве бива. Тој пад е само показател дека моментално се скршнале од вашата патека и вашата душа треба да се одмори за одново да блесне во полн сјај.
Не дозволувајте овие лекции да ви остават горчлив вкус во устата и болка во душата. Трансформирај ја болката во нешто позитивно, извлечи поука од тоа и пронајди инспирација да создаваш, затоа што најубавите работи произлегуваат токму од најтешките лекции кои нѐ промениле.
Сакај го секој ден, колку и да е сив и тмурен, обоен со сомнежи и солзи. Сакај ги како што ги сакаш и најсончевите денови полни со насмевки и полно срце. Поврзете се со самите себеси. Тоа не го може никој освен вие. Никој не може да го отстрани тие лекции, ниту да го промени тоа како ќе гледаш на нив.
Нас нѐ не дефинира падот, нѐ дефинираат лекциите од тој пад. Она што нѐ обликува е тоа како се носиме со животот и она што го проживуваме. Вие знаете дека имате моќ и способност да станете после секој пад, затоа што имате срце на борец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.