Што значи ако парфемот ја промени својата боја?

Сте посегнале ли некогаш по шишенце парфем што не сте користеле некое време само за да забележите дека течноста мистериозно потемнела?
Инстинктот ќе ве натера да размислите дали е добра идеја повторно да го користите, но како и со доброто вино, со тек на времето ќе се создаде добар парфем.
Зошто парфемите ја менуваат бојата со тек на време?
Природните состојки во мирисите се нестабилни и токму така всушност и создаваат мирис – молекулите се распаѓаат и испаруваат. Тоа исто така значи дека природните состојки во парфемите честопати ја менуваат бојата со текот на времето, а имаат и различна боја за време на производството.


Најверојатно е овие состојки да станат потемни особено кога се изложени на сончева светлина или висока температура. Иако се потребни неколку месеци за тоа да се случи, нормално е нештата да се одвиваат во таа насока кога се работи за природни состојки.
Исто како кога би чувале етерично масло во темно килибарно шише за подолго да ги зачувате неговите својства, чувањето на вашиот парфем подалеку од директна сончева светлина и на ладно, темно место ќе му помогне да трае подолго.
Од оваа перспектива, ова би можело да значи аларм ако вашиот парфем ја задржи својата нијанса преку целиот периот на користење.
Како што е случајот со преработената храна, ваквиот парфем најверојатно содржи хемикалии и конзерванси. Една од категориите на состојки на кои треба да се внимава се фталатите, кои се познати ендокрини нарушувачи и можат да го продолжат рокот на траење на мирисите.
Бидејќи индивидуалните состојки во мирисите не мора да бидат обелоденети на етикетата од причина што се водат како трговски тајни, побарајте информации што наведуваат дека мирисот е добиен од етерични масла.
Пазете се од терминот „nature identical“ – тоа значи дека е ароматична хемикалија пронајдена во природата, но синтетизирана во лабораторија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.