Колку време е потребно за да се заразите ако сте во близина на некој што е заразен со коронавирусот? Се чини дека нема „магичен“ број минути што ви гарантираат заштита, иако претходно се сметаше дека се работи за 15 минути близок контакт.
Но, неодамна, американскиот Центар за контрола и превенција на болести, (CDC) ја ревидираше дефиницијата за близок контакт. Претходно се сметаше дека е потребно да се поминат најмалку 15 минути на растојание помало од два метра од заразеното лице со цел да се протолкува како близок контакт.
Но, тие 15 минути не мора да бидат последователни, односно одеднаш. Близок контакт се смета за лице кое минало време на помалку од два метра од заразеното лице минимално 15 минути, но за 24 часа.
Зошто е променета оваа дефиниција? Како пример е земен затворски чувар во Вермонт кој бил позитивен на коронавирус откако имал повеќе, но кратки контакти со шест асимптоматски затвореници. Тој во смена од осум часа, имал 22 состаноци со затвореници во траење од 17 минути.
Покрај времето на изложеност на коронавирус, исто така е важно дали лицето има симптоми, дали ги имало воопшто пред тоа или ги развило подоцна, дали е надвор или во затворени простории, дали просторијата била добро проветрена, уште колку луѓе биле во неа и што правеле…