Што е заедничко помеѓу лошиот сон и лошиот секс? Добриот секс е корисен за спиење. Спротивно на тоа, лошиот секс води до недостаток на спиење. Лошиот сон и лошиот секс се меѓусебно поврзани, а виновникот за двете е стрес.
Професор по психологија, на Универзитетот во Флорида, Лори Миц го објаснува односот помеѓу траењето на спиењето и сексуалното здравје.
Професорот Миц се осврнува на американските статистики, според кои секој трет возрасен американски државјанин страда од недостаток на спиење. 31% од мажите и 45% од жените се незадоволни од нивниот сексуален живот. Ова создава затворен круг.
Студијата на Миц покажа дека секој дополнителен час на спиење кај жените резултирал со подобрен сексуален живот кај 14% од учесниците во студијата.