Што кажува неговиот Фејсбук статус за него

Научивте многу лекции за него од неговиот  Фејсбук, но оваа е многу важна !
Тип кој постира “длабоки” мисли како:
Покажете ја својата вредност. Бидете активни. Негувајте ја независноста. Надевајте се. Инспирирајте се.
Превод: Очигледно себеси се доживува многу сериозно, но на него неможете да се потпрете. Тој сака добро да размисли а потоа да преземе акција, што значи дека ќе биде мошне внимателен кон секоја ваша потреба.
Саркастичен тип, секогаш со оптужба:
Би сакал да му се заблагодарам на оној п ***р кој утрово ми го земал паркинг местото..повторно.
Превод: Момците кои користат Фејсбук за постојано да се жалат на нешто, навистина бараат внимание. Експертите велат дека луѓето попрво реагираат на мислења кои рефлектираат негативни емоции како лутина или бес, одколку на оние кои емитираат позитивни мисли.
Тип кој не информира за секој негов чекор:
Еве, јас само што си подготвив убав доручек – започнав со диета и ќе се обидам да се хранам здраво цел месец.
Превод: Ова е момче кое е отворено и не се срами да ги покаже своите чувства … Барем ќе знаеме во секое време каде е, што прави, па дури и што мисли. Сепак, постои правило. Тој истото ниво на отвореност ќе го очекува и од вас.
Тип кој се „расфрла“со филмски цитати:
“Добив понуда која не можам да ја одбијам.”
Превод: Разигран е и весел. Сака да се смее и духовит е, а така им пристапува и на своите пријателки на Фејсбук. Со него, животот може да ви биде интересен, а врската полна со смеа и моменти за паметење.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Научивте многу лекции за него од неговиот  Фејсбук, но оваа е многу важна !

Пронајдете не на следниве мрежи: