Што крие тефтерот на Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани?

Уште едно издание на КОД посветено на трагедијата во Кочани која настана како резултат на корупција и неодговорност која со децении царува во државава. Во истрагата неколку пати го слушнавме зборот мито – очигледно е дека е плаќано за да се обезбеди и нелегална и фалсификувана лиценца.

Прашањето е колку чинела таа и на колкумина сопственикот Дејан Јованов Деки им давал поткуп. Тој е сега во притвор, а во Кочани веќе се шпекулира дека со себе го земал и тефтерот во кој ги впишувал сите имиња и суми кои ги давал во изминатите години.

Пронајдете не на следниве мрежи: