Ново истражување покажа дека јадењето на вкусна пица лачи опиоиди во вашиот мозок, но тие не се исти како при користењето хероин или останати дроги. Овие опиоиди се активираат кога слушате добра музика, имате секс и јадете вкусна храна.
Студијата, објавена во Journal of Neuroscience, била извршена на поголем број луѓе, на кои најпрвин им бил даден нутриционистички пијалок без вкус, а веднаш потоа им била дадена вкусна пица.
Според заклучокот од истражувањето, јадењето на пицата довело до зголемување на позитивните активности на мозокот, но нутриционистичкиот пијалок успеал да активира повеќе опиоиди во мозокот.
Обично научниците ги поврзуваат опиоидите со дебелеењето и нездравиот метаболизам, па затоа изненадувачки е тоа што храната која е помалку вкусна всушност лачи повеќе опиоиди.
Заклучокот на истражувањето е дека храната, во глобала, знае да ги активира опиоидите во мозокот, но дека повкусната храна ги поттикнува позитивните активности во мозокот.