Што не сакаат жените во кревет?

Можеби се сметате за врвен љубовник, но има неколку работи што мажите ги прават за време на секс што жените навистина не ги сакаат. Колку и да одело сѐ супер, после некој од овие потези таа може да ја изгуби желбата за секс.
Секоја двојка е различна и сите нѐ вобудуваат ралични работи, но повеќето жени кажале дека овие потези на мажите навистина им пречат. Комуникацијата е најважна во врската, особено во сексот, па ако забележите промена на расположението кај партнерката за време на сексот, прашајте ја што правите погрешно.
Очекувате таа да прави сѐ кога е одозгора
Во оваа поза жената ја има поактивната улога и е изложена на вашите погледи. Ако е малку понесигурна, може да ја инхибира желбата за секс или да се откаже од акцијата ако мажот само лежи и не прави ништо додека таа се труди. Ако вие не реагирате, нема никогаш да се опушти целосно во оваа поза, а тоа не е добро за никого. Оваа поза значи дека рацете ви се слободни за допири, а не е лошо и вербално да покажете колку ви е убаво.


Одбивате да користите кондом
Жените генерално полесно „закачуваат“ сексуално преносливи болести во споредба со мажите, но и да не е така, безбедниот секс е секогаш на прво место, особено ако партнерот или партнерката го бара тоа. Кондомите исто така штитат од бременост, а жената е таа која останува бремена, така што незаштитениот однос ќе ѝ остави огромна доза на сомнеж „дали нешто се случило“ иако сте биле внимателни.
Преагресивна стимулација
Добивате поени што сте сфатиле дека стимулацијата на клиторисот е важен дел од сексот и еден од најдобрите начини за жената да доживее оргазам. Меѓутоа, ви се одземаат поени ако не сте сфатиле дека тој дел е особено чувствителен и не треба да го нападнете, туку да го откриете. Тоа што сакате и практикувате орален секс и петинг не е доволно за жената да постигне оргазам, треба и да се потрудите.
Кога сме кај орален секс, уште една работа што жените не ја сакаат: кога им ја туркате главата надолу кога тие ве задоволуваат. Насоки и охрабрување се сосема ок, но оставете ја сама да одлучи колку длабоко сака да оди.


Ја прескокнувате предиграта
Ок, секој сака секс на брзинка одвреме-навреме, но кога атмосферата укажува дека ова ќе биде подолга сесија, не брзајте. Пет минути бакнување не е предигра. Понекогаш на женското тело му треба повеќе време да се подготви за сексуалниот чин. Бидете нежни и трпеливи и верувајте, чекањето ќе вреди кога таа ќе биде подготвена.
Сексот не е маратон
Кој не сака уживањето да потрае? Но, понекогаш трае предолго. Ако само форсирате „минутажа“ без некаков квалитет, сексот станува здодевен, а некогаш и болен за жената. Најдете ја вашата златна средина со партнерката, усогласете го интензитетот, брзината и траењето и комуницирајте. Исто така, не форсирајте оргазам кај жената. Понекогаш тоа нема да се случи и ако таа е ок со тоа, бидете и вие. Оставете го егото надвор од спалната соба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.