Можат ли очите да откријат дали некој лаже или ја кажува вистината? Во криминалистичките филмови и ТВ серии, еден поглед може да го реши злосторството. Сепак, во реалноста, техниката на „читање“ на погледот е корисна, применлива и понекогаш точен показател за вистината.
Гледајте во цртежите како да гледате во друга личност (левото е ваше лево и обратно). Значењето на опишаните погледи важи за луѓе кои работат со десна рака. За левучари, толкувањето е обратно.
Горе-лево: Визуелно конструирање слики (ВКС)
Значење: личноста си замислува (визуелизира) одредена слика
Пример: Некому му велите: „Замисли како би изгледал Цацко кога би бил слаб.“ Тој си го визуелизира ова во главата, ја конструирате таквата слика и притоа неговите очи се придвижуваат кон горе лево.
Горе-десно: Визуелно потсетување (ВП)
Значење: личноста се потсетува на некоја слика која ја има видено во минатото
Пример: Прашувате некого каква фризура имал пред 4 години, а тој ги придвижува очите кон горе-десно додека се присетува на таа слика од минатото.
Лево: Аудитивно конструирање (АК)
Значење: личноста си замислува (креира) некој звук во главата
Пример: Ако некому му кажете да си замисли како би звучел најсилниот звук што тој би можел да го произведе со викање, тој ќе си го конструира ваквиот звук во главата, кој не му е познат од порано. Додека трае конструирањето на звукот во мислите, очите се придвижуваат кон лево.
Десно: Аудитивно потсетување (АП)
Значење: личноста се обидува да се присети на некој конкретен звук
Пример: Ако прашате некого како оди некоја песна, тие ќе го свртат погледот кон десно додека се присетуваат на мелодијата која им е позната.
Долу-лево: Кинестезија/Чувствување (К/Ч)
Значење: личноста се обидува да се присети на некоја миризба, чувство или вкус
Пример: Кога со некој разговарате за вкусни јадења кои сте ги пробале минатото лето на одмор, тој се присетува на вкусот на морските школки додека зборувате за нив, притоа движејќи ги очите надолу, кон лево.
Долу-десно: Аудитивен внатрешен дијалог (АВД)
Значење: личноста си зборува сама со себе во главата
Пример: Гледате како некој е длабоко замислен и си води дијалози во својата глава.
Шемата за толкување на погледите не е применлива за секој човек. За да добиете подобри резултати во толкувањето, најдобро прво поминете некое време со личноста, пред да ги оценувате нејзините изјави.
Вежбајте со вашите блиски роднини и пријатели. Со оглед на тоа дека добро ги познавате, ќе бидете во можност да направите подобра проценка.
Продолжува на страна 2 подолу:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.