Како ова може да ви помогне?
1) За да дознавате на што мислат луѓето
На пример, ако некој гледа долу-десно, можете да претпоставите дека тој води интерен дијалог во својата глава, па можете да го прашате за што размислува, со цел да му помогнете. Ако некој погледне нагоре, лево или десно, ќе знаете дали се обидува да се сети.
2) Откривање лаги
Ако прашате некоја ваша блиска личност, на пример вашето момче или девојка, каде бил/а излезен/а претходната вечер и тој/таа погледне нагоре кон лево, ќе знаете дека не се присетува, туку моментално конструира слика за тоа, додека ви го дава одговорот.
3) Замаскирајте ги вашите мисли
Ако знаете што значат движењата на очите, можете да го совладате и нивното контролирање, со цел да не ја откривате вистината во ситуации кога преферирате да не бидете „прочитани“ од погледот.