Што открива за вас бојата на маската што ја носите?

Модните дизајнери брзо се вклучија во борбата против ковид-19 и преку дизајнирањето маски заработуваат многу пари. Други ја искористија ситуацијата за да го искажат своето политичко мислење, па може да видите и маски со национални знамиња и пораки. Денес, маските откриваат многу за личноста што ги носи. Но, и оние што не носат маска испраќаат јасна порака дека се неодговорни, несоработливи и дека не можете да сметате на нив.
Што открива за вас бојата на маската што ја носите?
1. Смешна маска
Ако веќе мора да се носи маска, тогаш нека биде интересна – така мислат луѓето кои секогаш имаат позитивен став кон животот.


2. Зелена маска
Обична зелена маска купена од аптека носат луѓето кои се сигурни, приспособливи и одговорни.
3. Шарена маска
Луѓето кои секој ден успеваат да носат маска во склад со гардеробата што ја носат, заслужуваат многу пофалби. Овие луѓе се грижат за својот изглед и успеваат да го извлечат максимумот од секоја ситуација.
4. Детски дезен
Маските со пораки се интересни, но ако сте возрасни и носите маска со детски дезен, тоа значи дека сте незрели. Ова е особено точно за луѓето кои имаат неколку вакви маски и ги менуваат секој ден. Од друга страна, ако некој има една таква маска што ја добил како подарок, за него не важи оваа карактеристика.
5. Дизајнерски маски
Без разлика дали се оригинални или кинески, често можете да видите луѓе како носат маска со натписот на некој бренд. Овие личности се „модни робови“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.