Што пишуваат грчките медиуми за референдумот во Македонија?

„ПЈРМ: За 30 септември закажан референдумот“; „На 30 септември референдумот во ПЈРМ“; „На 30 септември референдум во ПЈРМ за Договорот од Преспа“; „Кое е прашањето на раферендумот во ПЈРМ на 30 септември?“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за распишаниот референдум кај нас.


„Собранието на ПЈРМ го одреди 30 септември како датум за одржување на референдумот во чиј фокус е договорот со Грција за името и пристапните преговори на земјата со НАТО и ЕУ“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА во кусиот текст, повикувајќи се на вест објавена од Ројтерс.
„Одржување референдум за ратификација на Договорот од Преспа на 30 септември одлучи вчера собранието на ПЈРМ, на седница на која отсутна беше националистичката опозиција на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува „Катимерини“.
„Почна одбројувањето до одржувањето на референдумот што ќе го запали ’зеленото светло’ за ратификација на Договорот од Преспа меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија“, пишува „Ефимерида тон синдактон“.

Веста за смртта на познатиот пејач Оливер Драгојевиќ го потресе целиот Балкан, а по тој повод хрватската влада на вчерашната седница на иницијатива на премиерот Андреј Пленковиќ донесе одлука за прогласување на денешниот ден за ден на национално сочувство.
Ова е прв пат да се прогласи ден на сочувство во историјата на Хрватска, а тоа да не биде ден на жалост.
Разликата е во тоа што доколку се прогласи ден на жалост тогаш се откажуваат сите културни и забавни активности како и медиумите се прилагодуваат на одбележување на овој ден, но со оглед на фактот дека станува збор за Оливер Драгојевиќ чија цел во животот беше песната, владата одлучи дека посоодветно е да се прогласи ден на сочувство како што е пракса во многу европски земји.
Денес знамињата се спуштени на пола копје, но забавните настани нема да бидат откажани.
Инаку Хрватска до сега има прогласено ден на жалост во десет наврати, а ова е прв пат да се прогласи ден на сочувство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.