Што појадуваат најздравите луѓе на светот?

Луѓето кои тежнеат кон губење на килограмите или одржување на здравата тежина имаат исхрана која се темели на ограничена количина на намирници.
Ваквата исхрана е тешка за одржување, поради што со текот на времето се враќаат изгубените килограми, но од друга страна, луѓето кои ја одржуваат својата телесна тежина без одрекувања од посебни намирници се неисцрпен извор на информации за експертите.
VTI Technical Research Centre од Финска ги проучувал прехрамбените навики на 147 здрави лица со оптимална телесна тежина, во период од четири месеци. Истражувачите од тимот на чело со д-р Ен Ли Вуоринен откриле дека здравите луѓе за појадок вообичаено консумираат три видови на намирници.


Овошјето е најпопуларниот избор на 51 отсто од испитаниците, втори на ред се млечните производи со 41 отсто, додека консумирањето на житните снегулки и муслите со млеко се избор на 33 отсто од лицата.
Иако лебот и пекарските производи се сметаат за непотребен извор на калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат денот со овој тип на храна.


Најинтересното од сè е што само 26 отсто од испитаниците признале дека за време на појадокот консумираат и кафе, додека остатокот од нив (74 отсто) заминувале на работа или започнувале со своите обврски без кофеинска помош.
“Наместо ограничувањата во исхраната и избегнување на омилената храна, преголемата тежина или дебелеењето може да се спречи доколку научите да ги слушате потребите на својот организам, а предноста е квалитетот, а не квантитетот на оброците”, вели Ен Ли за резултатите од истражувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.