Што појадуваат најпознатите лекари? Запомнете го нивниот совет

Ви требаат само три состојки, а јадењето може да го понесете и на работа
Ако сте горди на себе поради тоа што појадувате секое утро, размислете повторно, особено ако одбирате печиво како прв оброк.
Доктор Моника Тејо од Универзитетот Харвард вели дека тоа е исто како да сте изеле десерт за појадок. Ако на „десертот“ му додадете печена сланина и купечки сок од портокал со многу шеќер, правите огромна грешка.
Па, како изгледа идеалниот појадок?


Докторката истакнува дека печивата, палачинките и мафините не се идеалниот појадок, бидејќи содржат преработени јаглени хидрати и шеќери. Наместо тоа, за појадок би требало да бирате оброци богати со влакна, протеини и здрави маснотии за да се чувствувате задоволно и да го одржувате нивото на шеќер во крвта стабилно. Таа објаснила и како изгледа нејзиниот совршен појадок од само три состојки, кој може да го понесете со себе на работа.
1. Овошје
Овошјето е задолжителен дел од појадокот на докторката Тејо и обично подготвува околу три шолји овошје. Таа е голем љубител на замрзнатото овошје, бидејќи не е толку скапо, а достапно е во текот на цела година.
„Овошјето е прекрасно. Богато е со витамини и антиоксиданси“, вели Тејо.

Пронајдете не на следниве мрежи: