Што прават луѓето полни со енергија по работа?

Некои луѓе по работа се исцрпени, немаат сила за ништо, освен да легнат во кревет, а други имаат енергија и по 17 часот, иако работат еднакво како и членовите на првата група. Во што е нивната тајна, што јадат, кога одат на спиење и од каде црпат енергија. Применeте ги нивните совети и ќе видите промена веднаш!
1. Припремете ја храната за утрешниот ден
Кујната не е место во кое ќе јадете веќе готова храна. Ако сакате здраво да се храните, важно е ден порано да испланирате што ќе јадете и да подготвите оброци однапред. Така нема секој ден на работа да се нервирате што да јадете, храна купена во пекари, слатки и нездрави грицки. Се разбира, од таква храна се чувствувате уморни, а и вообичаено се прејадувате. Ако пак, после работа дома подготвите се за утрешниот ден, нема така лесно да потклекнете пред рафтот со чоколади.


2. Прескокнете ги диеталните пијалоци
Диететски пијалоци навистина не би требало да се најдат на вашето мени ако сакате да бидете здрави. Една неодамнешна студија објавена во магазинот Journal of the American Geriatrics Society открила дека оние кои редовно пијат диетални пијалоци имаат тројно повеќе масно ткиво на стомакот од оние кои тоа не го прават. Пиете вода!
3. Корисно исполнето време по работа
Ако сакате да бидете во форма, не е добро по работа само да лежите, бидејќи премногу ќе размислувате за храна и нездрави слатки. Квалитетно исполнете го своето време, свирете на некој инструмент, читајте, одете во природа или правете било што, што ве опушта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.