Што прават познатите над 40-тата за да имаат рамен стомак

Да се има рамен стомак и после 40-тата и 50-тата одамна не е нешто невозможно. Актуализирањето на вежбањето и исхраната придонесоа сè поголем број луѓе да изгледаат и да се чувствуваат добро.
Но, ако во празничната сезона претеравте со храна или веќе извесно време барате решение за вишокот во делот на стомакот, можеби советите во продолжение ќе ви помогнат.
Финтес тренерите и нутриционистите на неколку познати ѕвезди откриваат што им успева да го одржат стомакот рамен и генерално, здравјето во топ форма и после 40-тата година од животот.
Шер (73): Пејачката вежба шет дена во неделата, иако понекогаш тоа знае да ѝ биде напорно. Иако можеби ќе откриеш дека твоето ниво на енергија не е исто како порано, кога ќе наполниш 40 години, придржувањето до одреден ритам на вежбање е клучен, смета фитнес тренерот Тадео Арнолд. „Кога ќе почнеш да старееш доследнота е исклучително важна. Закажи го својот термин на вежбање исто како што закажуваш кај доктор или забар. Нека биде на листата приоритети“, вели тренерот.

 

View this post on Instagram

 

Sweaty SoLful Sunday’s… @niyamasol #fallishere

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Џенифер Лопез (50): Таа е пример не само за нејзината генерација, туку и за многу помлади дами, особено кога вежбањето е во прашање. Џеј Ло во една пригода изјави дека има точно испланирана исхрана која подразбира многу овошје и зеленчук. Иако е тешко долгорочно да се држи диета со низок внес на јаглехидрати, сите нека го применуваат примерот на актерката, да се има навика да се ужина. Потрудете се да имате три оброка и мини ужини со овошје или зеленчук, кои ќе помогнат телото да се чувствува исполнето.
Тајра Бенкс (46): Манекенката се придржува на ФУДМАП диета, која се фокусира на јаглехидрати кои се наоѓаат во одредена храна која некои луѓе потешко ја варат, што потоа може да предизвикуваат проблеми со желудник. Тајра Бенкс изјави дека со оваа диета таа ја исфрлила храната која поттикнува подуеност, меѓу кои се и лукот, грав, праз, карфиол. Но, за ова секогаш мора да се консултирате со стручно лице. Оваа диета е наменета за луѓе кои се соочуваат со поголема подуеност, но пред да се почне со ваква исхрана, треба да се елиминираат други причинители.

 

View this post on Instagram

 

Ok, @jimmykimmel… here are your f*%king Friendsgiving enchiladas.

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on


Ева Лонгорија (44): Ева Лонгорија одбегнува храна богата со шеќери. Таа пред извесно време најави дека три месеци нема да внесува шеќер и дека ќе ги исфрли од употреба сите јаглехидрати кои се претвораат во шеќер, вклучувајќи ориз, леб и тестетнини. Наместо тоа, вклучи многу зеленчук, со брокула, спанаќ и прокељ. Високиот внес на шеќер може да доведе до зголемување на нивото на кортизол, па логично е дека за да го намалите, треба и шеќерите да ги намалите.
Џенифер Анистон (50): Три оброка+ужина е рецептот на Џенифер Анистон за витка линија. Но и контролирање на порциите. Прејадувањето доведува во зголемување на обимот околу половината.
Гвен Стефани (50): Пејачката за своето тело може да им се заблагодари на тренинзите со TRX лента. Овие вежби можат да помогнат во елимирањето на несакани маснотии од стомакот, затоа што ги тонира и обликува мускулите, посебно во средишниот дел.


Хали Бери (53): Хали Бери вежба пет дена во неделата со тренер, комбинира јога, бокс и силов тренинг, но сето тоа со доволно часови сон. За да му овозможи на телото доволно количество кортизол и согорување на мастите, многу е значајно да се спие шест до осум часа секоја ноќ. Цврстиот сон е време кога телото ќе согори најмногу масти, затоа што правилно ќе се ресетира.
Опра Винфри (65): Вежбањето на духовноста и позитивноста преку медитација е нешто што на Опра ѝ помага да се ослободи од стресот, но и килограмите. Секој ден медитира 20 минути за да ја подобри својата креативност и продуктивност. Кога позитивно размислуваш и фокусиран си на мисија пред тебе, веројатноста дека ќе успееш во било што што ќе работиш е голема. Медитација исто така помага да во дишењето и во издржливоста.
Софија Вергара (47): Актерката вежба со тегови, кои овозможуваат стегнати мускули и рамен стомак. Нејзиниот тренинг се состои од deadlift-ови, кои „бараат“ да ги активираш мускулите за да можеш да одржиш рамнотежа. А активирањето на сите мускули доведува и до совршена линија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.