Што прави Елена Ристеска?

Скоцкана како и обично, со парчиња гардероба и впечатливи детали кои доликуваат на Големото Јаболко, шета и се забавува. А, дали договара и работни ангажмани ќе почекаме да се пофали откако ќе се врати. Нашата позната пејачка е многу активна на социјалните мрежи и објавува фотографии од нејзините патувања.
Ова лето ги изненади своите фанови со фотографии од Миконос, за само после неколку дена да објави фотографии од своето патување во Америка. Дали ова е бизнис патување или Елена има професонален ангажман, останува да видиме. Во секој случај изборот на дестинацијата и е одличен. Во огромната Америка, каде е заедно со пријателите, никако не може да и биде здодевно.
Според фотографиите се глада дека одлично се забавива, но и не пропушта да ги посети познатите места и да ги види позначајните знаменитости преку Океанот.
А, за доживувањето да биде потполно и да се чувствува убаво и удобно, таа добро се подготви пред поаѓањето. Со кежуал парчињата гардероба кои ги понесе на патувањето, дополнети со впечатливи детали одлично се вклопи во познатата њујоршка улична мода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.