Што прво треба да направите доколку ве касне пчела или оса: Секој треба да го знае ова!

Никогаш не го вадете осилото со пинцета или прсти затоа што така само ќе ја проширите раната. Пчелите се многу неопходни за овој свет. Топлото време значи дека ги има на секој чекор, а баш како и осите, потенцијално може да бидат опасни особено доколку имате алергија од нивниот убод.
Зошто пчелите и осите нè касаат?
Пчелите немаат намера да напаѓаат, но тие ја бранат својата кошница и самите себе па сепак треба да ги сметаме како мала закана. Некои од нив умираат одма по убодот, при кој често знаат да го остават и своето осило за разлика од осите кои не оставаат осило во кожата и можат да извршат убод неколку пати.


Што да направите доколку ве касне оса или пчела?
Доколку ве касне пчела не треба многу да барате со што да го извадите осилото, ќе ви послужи платежна картичка или лична карта. Притиснете го убодот, па осилото само ќе излезе и ќе се минимализира количината на отровот кој влегол во телото. Добар избор е и нож кој не може да ве пресече. Избегнувајте вадење осило со пинцета или со прстите затоа што така може да се притисне осилото и да ослободи повеќе отрови во вашето тело. Освен тоа, така само ќе го проширите убодот и потешко ќе зарасне.
Откако ќе го извадите осилото на тој дел ставете ладна облога или ставете го тоа место под ладна вода за да се ублажи отокот. Потоа, доколку не сте алергични на убодот може да се намачкате со етерично масло од лаванда, еукалиптус или некој чај.


Доколку знаете дека сте алергични на убод од пчела или оса
Доколку се појави отежнато дишење, потешкотии во голтањето, вртоглавица и несвестица, тоа може да биде знак дека сте во анафилактички шок. Таквата реакција може да го загрози вашиот живот доколку не се забележи и не се реагира навреме.
Како да го спречите убодот од пчели или оси?
Гаранција не постои, но избегнувајте да носите темна облека и парфеми кога одите во природа, доколку јадете на отворено тогаш што побрзо отстранете го остатокот од храната затоа што овие инсекти баш на тоа одат. Најдобрата одбрана е да останете мирни доколку пчелата лета кон вас, затоа што во спротивно ќе ги вознемирите и ќе ве нападнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.