Што претставува „заситувачката“ диета и дали е ефикасна?

Истражувачите од Универзитетот Лавал во Канада сметаат дека ја нашле совршената комбинација за слабеење. Таканаречената „заситувачка“ диета е комбинација од медитеранската и кето диетата и наводно помага во слабеењето без престроги правила.
Што претставува заситувачката диета?
Основата на оваа диета е здрава храна која го поттикнува чувството на ситост и задоволство. Овде спаѓаат протеини од риба и јогурт, храна од цело зрно и богата со хранливи влакна, како и добри масти од авокадо и јаткасти плодови. Во планот за исхрана се наоѓа и состојката што има ја дава лутината на пиперките. Ова има смисла, бидејќи се покажало дека оваа хемикалија го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот.


Според истражувачите, диетата се состои од четири порции овошје, четири порции зеленчук, пет порции житарици со цело зрно (со најмалку 4 грамa хранливи влакна по порција), четири порции протеини и една ужина. Покрај тоа, еден оброк би требало да биде на база на мешунки, a храната би требало да ја зачинете со лути пиперки.
Од овошје се препорачуваат јаболкa, портокали, банани, праски, круши, сливи, ананас, папаја и манго. Од зеленчук препорачливо е да консумирате лиснат зеленчук, брокула, кељ, печурки, домати и авокадо.
Од житариците најдобро е да консумирате кафеав ориз, интегрални тестенини, овесна каша, хељда, бунгур, ‘рж и јачмен. Извор на протеини треба да бидат продуктите како морски плодови, говедско, јајца, месо, јогурт, семиња, тофу, соја, грав, грашок и леќа.
Дали помага во слабеењето?
Според резултатите од мало истражувања, изгледа дека одговорот е да, барем кај мажите со прекумерна тежина. Во истражувањето учествувале мажи со прекумерна тежина. 34 од нив ја следеле диетата, а останатите 35 следеле исхрана препорачана од канадските лекари.
Мажите кои ја држеле заситувачката диета изгубиле значително повеќе тежина и масти и чувствувале повеќе ситост за разлика од останатите. Уште подобро е што поголемиот дел од нив продолжиле со овој начин на исхрана.


Сличности со кето и медитеранската диета
Ако ги отстраните лутите пиперчиња, оваа диета е речиси иста како и медитеранската. А кога ќе ги земете предвид целите зрна и овошјето, јасно е дека е далеку од кето диетата. Денес речиси секоја диета која дозволува консумирање многу масти е позната како кето, кога всушност оваа диета значително го намалува внесот на јаглехидрати на 5% дневно.
Медитеранската диета обично дозволува 30-35% масти, а заситувачката диета не ја надминува оваа норма.
Како да ја следите заситувачката диета
За жал, денес нема веб-сајт или каков било извор што ќе ви помогне да научите нешто повеќе за диетата. Засега, доколку сте заинтересирани, најдобро би било да ја следите медитеранската диета. Потоа само додајте лути пиперки во исхраната и најдете рамнотежа помеѓу намирниците со протеини и јаглехидрати. Ова ќе ви помогне да се чувствувате сито и со енергија.
Фокусирајте се на органска храна и избегнувајте ги преработените јаглехидрати. Одбирајте квалитетни животински производи и најважно е да го слушате вашето тело. Доколку забележите дека овој начин на исхрана не ви одговара, променете го.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.