Што сакаат девојките во врската?

Што сакаат девојките во врската?

Признаваме дека сме многу комплицирани и нашиот начин на дејствување не е ни најмалку едноставен. Она што го сакаат девојките, за мажите може да биде вистинска мистерија. Но, доколку се грижите за вашата девојка, ќе се потрудите да ѝ го обезбедите следново во вашата врска:

Сигурност и заштита – Девојките сакаат да се чувствуваат сигурно и безбедно. Нема девојка која не сака силен човек покрај неа, кој ќе ја штити од секој кој може да ѝ нанесе болка. Штом девојката ќе ја најде својата заштита во вашата прегратка, бидете сигурни дека ќе ја добиете нејзината љубов.

Разбирање – Дури и да не можете да го разберете нејзиното однесување, трудете се да сфатите како се чувствува. Секогаш нека знае дека ја разбирате и ги почитувате нејзините одлуки. Начинот на кој размислуваат мажите и жените е сосема различен, но луѓето во врска наместо да избувнуваат за секоја ситница, треба да имаат разбирање.

Телесна поврзаност – Можеби најважно е да се разбирате и да имате заеднички ставови и многу теми на разговор, но важноста на телесната поврзаност не треба да се потцени. Дел од секоја здрава и успешна врска е добриот секс. Можеби девојките не размислуваат на оваа тема онолку колку што тоа го прават мажите, но не можат да одречат дека им е потребен добар сексуален живот.

Одговорност – Незрел и неодговорен дечко кој сè сфаќа на шега, може да е интересен само на почетокот. Девојките сакаат одговорни личности кои се грижливи, вложуваат во иднината и ги исполнуваат своите обврски. Тоа им влева чувство на сигурност и безбедност. Никој не сака покрај себе нестабилен човек на кој не може да се потпре кога има проблем.

Поддршка – И кога навидум нешто изгледа како навистина луда идеја, поддржете ја! Верувајте, таа секогаш би ве поддржала вас, па вратете ѝ со иста мера. Поддржете ја во остварување на своите соништа, не ја враќајте назад и не ѝ ја одземајте надежта за успех. Па нели и вие сакате вашата девојка да биде успешна и силна личност?

Рамо за плачење – Не сме толку големи плачки колку што вие мислите, но кога ќе се разнежниме сакаме да бидете покрај нас. Бидете ѝ рамо за плачење на вашата љубена, нека осети дека колку и да е лош денот, на крајот од бурното попладне може да се врати кај вас и да најде мир и нега.

Мажественост – Бидете џентлмени, со секој ваш гест истакнете ја машкоста. Верувајте, тоа може да направи девојката да полуди по вас. Обрнете внимание на ситниците како: отворање врата, дозволување да седне прва, злобен поглед упатен кон момчето од спротивната страна кој чудно ја гледа…

Внимание за важните датуми – Никогаш не го заборавајте денот кога сте ја запознале, кога сте ја бакнале за првпат, вашата годишнина и слични важни датуми. Сте слушнале за начинот на кој може жената да ве натера никогаш да не ја заборавите вашата годишнина? Само пробајте да ја заборавите еднаш.

Смисла за хумор – Човек кој знае да ја насмее и во најтмурните мигови е она што секоја девојка го посакува. Оној кој ѝ носи насмевка на лицето има голема шанса да биде човекот на нејзиниот живот.

Почит – Почит кон нејзините желби и кон нејзините права како жена. Почит кон нејзините соништа и благодарност за она што го вложува во врската. Исто така, бидете свесни дека колку и да ве сака, ќе се откаже од вас доколку немате почит кон нејзиното семејство и најблиските.

Доверба и слобода – Добри се оние знаци дека се грижите за неа и ја сакате за себе, но претераната љубомора нема да ве однесе никаде. Со обид да ѝ ја скратите слободата ќе направите само лошо за вашата врска. Довербата треба да е обострана. Влевајте ѝ доверба и почувствувајте ја истата и од нејзина страна.

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.