Што сака да ви каже вашата мачка со говорот на телото?

Мјаукањето не е единствениот начин на кој мачките комуницираат . Тие се животни со одлично развиен говор на тело и ги користат во секојдневниот контакт со околината. А, еве и како мачките комуницираат со телото и како да ги прочитате нивните пораки.
Страв
Кога вашето маче е преплашено ушињата му се свртени наназад, а зениците му се раширени, мустаќите му се спуштени и опашот му е ставен меѓу задните нозе. Често кога е уплашена мачката знае и да се свитка во топче. Што помало е топчето, толку поуплашено е мачето. Овие знаци исто така можат да значат дека мачето е луто.
Среќа
Ушите се начулени и свртени нанапред, а очите нормални, често полуотворени. Ако главата на мачето е испружена нанапред, и бара галење и сака да ве набљудува одблизу во лицето, тогаш е многу среќно. Пријателски расположените мачиња ќе се галат со страните на лицето, а опашот ќе им биде кренат високо. Кога мачето зева и се протега, значи дека е задоволно и се чувствува безбедно.
Лутина
Ушите се подигнати и благо завртени наназад, а зениците се собрани во вертикална линија. Доколку во тој момент и се спротивставуваат на друга мачка, двете ќе се гледаат директно во очите. Лутата мачка ги исправува мустаќите и ја спушта главата. Опашот и е паралелен со земјата и влакната на него се подигнати. Доколку опашот на мачката се мрда лево десно тоа може да биде знак на иритација, но некогаш и на претерана радост. Во секој случај бидете внимателни.
Загрозена
Ушите и се спуштени, а зениците и се проширени. Опашот и е во форма на потковица и тоа укажува на одбрамбено-агресивен став. Кога се чувствува загрозено мачката ќе се обидува да изгледа поголема отколку што е. Мјаукањето не е единствениот начин на кој мачките комуницираат . Тие се животни со одлично развиен говор на тело и ги

Пронајдете не на следниве мрежи: