Првиот секс е деликатен бидејќи открива многу детали како за партнерот или потенцијалниот партнер, така и за вас. Од првиот секс повеќе се плашат жените мислејќи дека нема да направат нешто што од нив се очекува, па се случува да не може да се опуштат.
Секако, сеприсутната Трејси Кокс има решение и за тој проблем и дели неколку совети и објаснувања за машките очекувања.
За почеток, мажите сакаат активни жени во креветот кои не се грижат за своето тело, па затоа лежењето под прекривката нема да помине. Малку акција, придушено светло за партнерот да ги види вашите облини и голо тело, тоа е она што се бара.
Мажите се надеваат дека нема погрешно да го сфатите ако биде краток, т.е. ако сврши многу брзо, зошто тоа секако ќе го препишат на возбудата дека имаат нова партнерка. Затоа дајте му малку поддршка и почекајте половина час, сигурно тој ќе се обиде повторно.
Посилниот пол сака да знае дека она што го прави е добро и како што треба, па кога ќе ве погоди на местото што го обожувате, дадете му јасно до знаење. Не пропуштајте да му покажете и кога нешто прави лошо.
На крајот, мажите секогаш сакаат една те иста работа – орален секс, па ако сте и вие за тоа, усреќете го најдобро што знаете, верувајте дека повеќекратно ќе ви се врати. После сексот не поставувајте бедни прашања од типот “дали сега сме пар“ или слично, бидејќи сигурно тоа ни вам уште не ви е јасно.