Што се наоѓа под европските туристички атракции?

Секоја година, милиони луѓе ги посетуваат истите места во Европа – Лондон, Париз, Неапол и други, но ретко кој знае што се наоѓа под површината на овие градови.
Лондонскиот фотограф Томас Сентпетери ја овековечил оваа нова перспектива на некои од овие иконски туристички дестинации – скриените светови кои ретко кој смета дека се вредни за посета.
1) Франција: Ајфеловата Кула е над Париските катакомби


Музејот Les Catacombes de Paris содржи остатоци на повеќе од 6 милиони луѓе, а бил конструиран да се олесни состојбата на пренатрупаните градски гробници и денес може секој да го посети.
2) Лондонскиот Биг Бен е над метро станицата Алдвич


Напуштената метро станица Алдвич е лоцирана под Кралскиот колеџ во Лондон и има долга историја. Била отворена во 1907-ма, функционирала како засолниште за време на бомбардирањата во 1940-тите, а била затворена во 1994-та поради преголемите трошоци за нејзино одржување.
Денес таа се користи за тренирање на разни организации – вклучувајќи ги и полициските и противпожарни бригади, како и за музејски тури.
3) Тунелите Бурбон под региони на Неапол


Тунелите Бурбон биле направено во 1853 од Ferdinand II и биле замислени како рута за бегање од палатата Reale , но никогаш не биле комплетирани. За време на Втората светска војна, пештерите служеле како засолништа од бомбардирање, и како воена болница.
4) Рудниците за сол Величка под Краков


Овие рудници се една од најголемите полски туристички атракции, а се наоѓаат на длабочини до 327 метри и пред да бидат отворени за јавноста, во нив се создавала сол до 2007-ма.
5) Пештерите Barrio de Cuevas во Гвадикс, Шпанија


Лоцирани во јужна Шпанија, Barrio de Cuevas пештерите се најголемиот пештерски комплекс во Европа, со околу 2000 подземни живеалишта.
Локалното население познато како „trogloditas” (троглодити) живеат во овие пештери стотици години наназад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.