Што се случуваше на Косово?

Немања Миловановиќ, вработен во Центарот за екологија и спорт раскажа за српските медиуми што се случувало во близина на хидросистемот ,,Газиводе”. ,,Влегоа наеднаш. Ја бутнаа вратата и не напикаа мене и колегите во една просторија. Провоцираа, а на секој наш обид да излеземе го репетираа оружјето и ни се закануваа дека ќе не убијат”, рече работникот, кој додаде дека не му било сеедно кога ги гледал вооружените и маскирани косовски специјалци.
,,Отворено не провоцираа. Ни велеа дека може да влезат кога сакаат во нашиот објект и дека нема сила која може да ги спречи. Се распоредија во блиската шума со пушки подготвени да запукаат. Никому не му дозволуваа да помине. Низ главата само ми поминуваше што ќе се случи ако биде испален само еден куршум. Од тоа се плашев” , раскажува Миловановиќ, кој заедно со уште тројца работници бил затворен во објект на хидросистемот ,,Газиводе”. Акцијата била изведена од 60 вооружени специјалци, кои врзале и заробиле четворица Срби.

LIVENjësitet Speciale të Policisë së Kosovës në veri

Posted by Kallxo.com on Saturday, September 29, 2018

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.