Што се случува во организмот ако секој ден внесувате витамин Ц?

Витаминот Ц е многу важен – освен што го подобрува имунолошкиот систем и помага организмот да се одбрани од сезонски настинки и грип, може да го намали ризикот од хронични и срцеви заболувања.
Недостатокот на витамин Ц може да предизвика низа здравствени проблеми, а меѓу најчестите се губење на телесната тежина, умор, рани кои потешко зацелуваат, настинка, инфекции на уринарниот тракт и слично.
Витаминот Ц му помага на телото да оздрави. Дејствува како антиоксидант и може да спречи оштетување на клетките.
Овој витамин исто така е потребен за биосинтезата на колагенот и затоа е главна состојка на многу производи за нега на кожа.


Докажано е дека витамин Ц може да спречи развој на рак.
Исто така, спречува развој на кардиоваскуларни заболувања, а го намалува високиот крвен притисок.
Помага при настинки
Овој витамин влијае на зајакнување на имунитетот, но лекарите истакнуваат дека витаминот Ц може да го скрати траењето на настинката и да ги ублажи симптомите.
Но, треба да внимавате бидејќи прекумерната употреба на витаминот Ц доведува до проблеми со варењето, пролив, мачнина и грчеви. Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите што доведува до создавање на камење во бубрезите.
Како да препознаете дека имате недостаток на витамин Ц?
Малаксаност, болки во зглобовите, сува кожа, склоност кон инфекции се само некои од знаците со кои телото ве предупредува дека му недостасува витамин Ц.
Веќе знаете дека витаминот Ц се содржи во цитрусното овошје, но исто така го има и во зелениот лиснат зеленчук, зелка, шипка, киви, јагоди, чили пиперчиња, црвена и зелена пиперка, прокељ, брокула, ананас и папаја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.