Што се случува во Словенија: Заразен е секој 150. Словенец

Инциденцата во периодот од 14 дена е висока, се искачи на 202,75. На болниците им недостасува обичен кадар, се повикуваат специјализантите, празни кревети на одделенијата за интензивна нега забрзано снемува. Во Словенија само три лаборатории прават тестови за Ковид-19
„Ситуацијата станува сѐ посериозна. Вирусот се шири многу побрзо. Епидемиолошките истражувања сè уште траат. Досега преземените мерки не помогнаа доволно да се ограничи вирусот. Направивме 4.902 тестови, има 707 нови инфекции. Двесте десет лица беа во болница, на 50 им требаше интензивна нега, двајца починаа“. Со овие зборови, портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин, ја почна денешната прес-конференција за последниот неславен рекорд од корона вирусот во Словенија. Денес има шеснаесет критично болни лица во Одделот за инфективни болести во Клиничкиот центар. Најмладиот пациент има 42 години.
Раководителот на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести проф. д-р Матјаж Јереб проценува дека секој 150-ти Словенец е заразен.


Во Словенија „навистина напредуваме“, додаде Кацин. Инциденцата во периодот од 14 дена е висока: се искачи на 202,75. И покрај исклучително големиот број на инфекции, имаме исклучително малку мртви. Ова зборува за квалитетот на функционирањето на нашиот здравствен систем, вели Кацин. Ситуацијата заклучно со вчера беше следна по региони: пет региони во моментов се под прагот од 140 инфекции на сто илјади жители за две недели, а седум се далеку над него. Првиот е регионот Горењска, следи регионот Корушка. Најмалку заразени се регионите Обално-крашка и Приморско-Внатрешна.
Кои региони ќе ги затвори државата ќе зависи од тоа колку од нив имаат поголема инциденца до прагот за кој треба договор. Досега, прагот беше на 140 инфекции на 100.000 жители во последните две недели. „Три региони сѐ уште се релативно жолти, седум од нив се веќе многу црвени, ова може да биде критериум за затворање на регионите“, рече Кацин.
Со оглед на влошената епидемиолошка состојба во земјата во последните денови, ние сме загрижени, што ќе се случи во наредните денови рече д-р Матјаж Јереб. „Десет проценти од заразените имаат потреба од болничко лекување, а една петтина од нив имаат директна опасност по живот. За десет дена, можеме да очекуваме дека 70 пациенти ќе мора да одат во болница и седумнаесет на интензивна нега. Овие пациенти долго време лежат во одделенијата, креветите ги снемува. Денес имавме 175 пациенти на обични кревети и 35 на интензивни нега“, вели д-р. Jереб. Има доволно опрема, но проблемот е обучен персонал. Иако нема да може да се преместува персоналот на неодредено време во болниците, пензионираните здравствени работници најверојатно нема да бидат повикани на помош.
„Ова не е најдобрата идеја. Станува збор за постари лица постари од 65 години, кои се изложени на ризик. Тоа не би било добро решение. Ние ќе го решиме проблемот како цело општество со мерки до кои мора да се придржуваме“, објасни Јереб.
Марија Магајне, в.д. директорот на Дирекцијата за здравствена заштита, презентираше мерки насочени кон капацитетот на здравствените установи. Секој влез на инфекција значи намалување на бројот на персонал, интервенција во организацијата на работата на институциите и интервенција во спроведувањето на други програми – сето тоа го оптоварува здравствениот систем, предупреди таа. Затоа, важно е да се осигури безбедноста и здравјето на здравствените работници и да се управува со ризиците, да го следат здравјето на вработените и да обезбедат соодветна организација на работата.
Наредбата за привремени мерки во областа на здравствените услуги предвидува прекин на одредени превентивни активности: како што е скрининг за рано откривање на предканцерозни промени и рак. На ниво на болница, укинувањето или одложувањето на несуштинските услуги им е препуштено на одговорните – во зависност од тоа колку кревети им се потребни на пациентите со корона.
Втората регулатива се однесува на регулирање на сивите области за давателите на здравствени услуги. Во овие зони, треба да бидат соодветно згрижени пациентите за кои сè уште не е познато дека се заразени. Исто така, задолжително е да се организираат црвени зони за заразените. Подготвена е и наредба за задолжително прилагодување на програмите за специјализација, според кои специјализантите мора да бидат вклучени што е можно повеќе во обезбедувањето здравствени услуги за спречување и ширење на Ковид-19 кај основниот работодавач.
Во моментов, три лаборатории и микробиолошки лаборатории во болниците во земјата вршат тестови на ковид, а други веројатно ќе ги прават во иднина, предвидува Магајнова: „Негативниот тест не ни кажува многу; тоа само значи дека лицето нема вирус во време на земањето брис. Меѓутоа, ако знаеме дека сме биле во ризично опкружување, има смисла да се користи заштитна опрема и покрај негативниот тест“.


Исто така е невозможно да се предвиди кога ќе ги исполниме условите за прогласување епидемија, вели Магајнова. Одлуката е оставена на експертската група: „Се разбира, ние се подготвуваме за повеќе пациенти на кои ќе им треба медицинска нега. Но, од сите нас зависи дали ќе влеземе во црвена фаза, дали ќе можеме да ја израмниме кривата на нови случаи на инфекции и да ја свртиме надолу“.
Земјите-членки на ЕУ вчера постигнаа принципиелен договор како одговор на пандемијата. Секое ограничување на слободата на движење мора да биде пропорционално и привремено и недискриминирачки. Карантин и тестирање се мерки што граѓаните мора да ги преземат при враќање од земји со многу инфекции. Мерките мора да бидат објавени во јавноста 24 часа однапред. ЕУ сега ќе има единствен коронски семафор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.