Што се случува кога мајката го тепа детето?

Рускиот психолог Михаил Лабковски, со пракса подолга од 30 години, испрати апел до сите родители. Неговата порака е толку едноставна и директна, што ниеден родител не би можел да остане рамнодушен откако ќе ја прочита.

Објаснување од психолог кој го обиколи светот: Што се случува кога мајката го тепа детето?
Сите сме само луѓе и понекогаш го губиме трпението со децата. Избувнуваме затоа што веќе сме имале наталожен стрес од други фактори во нашето секојдневие. Сепак, иако тоа може да е причината, не треба да биде и изговор за да го истураме нашиот бес врз децата. Ако ние не сме совршени, треба барем да се обидеме од нашите деца да направиме подобри луѓе од себеси.
„Пријатели, сакам да ви кажам зошто не смеете да го тепате детето (ако од некои причини тоа не ви е очигледно).

Кога сме во состојба на стрес, како во ситуација кога над главата ни виси некоја закана, ни се потсмеваат или ни се нанесува физичка болка – во крвта се ослободува група на т.н. глукокортикоидни хормони. Ова се хормони на стрес кои се одговорни за реакција на нападот: удри или бегај.

Овој процес е прилично сложен и има долготрајно дејство врз телото. Заради тоа кај децата во присуство на родителите (посебно мајките) овие хормони не се ослободуваат во крвта. Така природата го штити телото на детето во развојот од дополнителни оптоварувања.
Ако родителот самиот постане извор на стрес, тогаш детето нема да го перципира тоа насилство како опасност. Поточно, нема да има стрес, тоа нему му е нормално, сѐ е во ред. Така мора да биде бидејќи доаѓа од родителите.

Што мислите, во каква личност ќе израсне вашето дете кое од мали нозе верува дека насилството и агресијата се нормални нешта?

А што ќе се случи со детето кога ќе дојде во контакт со вистински закани од возрасни личности?
Ќе ви одговорам од психолошка, а не од филозофска гледна точна. Постојат две сценарија: детето или ќе постане агресор или жртва.

Тепањето на децата значи кршење на нивната верба во животот.
Ве молам да најдете сила во себе и да сфатите колку не е во ред да се тепаат децата.
Можно е и сами да сте биле тепани како деца и сигурно до ден-ден се сеќавате на тој ќотек како на најболната работа од вашето детство.

Пријатели, ова е многу сериозна и многу важна тема. Искрено се надевам дека ќе сфатите за што ви зборувам.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.