Што се случува со брачните расправии во подоцните години?

Штотуку сте се венчале и ви изгледа дека расправиите помеѓу вас и партнерот нема никогаш да престанат? Не, ќе престанат.
Студијата на Калифорнискиот универзитет покажала дека расрпавиите кои почесто се случуваат во средната фаза на бракот, обично се заменуваат со хумор во подоцните години.
Научниците за време на 13 години, следеле 87 хетеросексуални средовечни и повозрасни парови.
Испитаниците имале помеѓу 40 и 50 години и биле во брак барем 15 години, или помеѓу 60 и 70 години и биле во брак барем 35 години. Додека научниците ги анализирале, паровите за време на тие 15 минути разговарале која област од бракот би требало да ја променат.


Заклучокот на студијата објавена во магазинот „Emotions“, е дека за време на разговорот, паровите повеќе биле склони еден кон друг да покажуваат знаци на поврзаност и односот на двајцата да биде хумористичен, отколку да се расправаат или критикуваат еден со друг.
Како што велат научниците, ова е еден од парадоксите на животот, во третата фаза.
И покрај загубата на пријатели и членови од семејството, кои се врзуваат за оваа доба, постарите луѓе во стабилните бракови се релативно среќни и имаат ниска стапка на депресија и анксиозност. Расправиите престануваат бидејќи, како што објаснуваат психолозите, со текот на времето парот има толку многу заеднички спомени, доживувања, пријатели, интереси, што речиси почнува да размислува како да е еден човек. И, уште поважно, научуваат да ги прифатат недостатоците на другиот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.