ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАШЕТО ТЕЛО КОГА НЕ СПИЕТЕ ДОВОЛНО? Одговорите ќе ве изненадат!

Повеќето од нас не разбираат што навистина се случува со нашето тело кога не го достигнуваме оптималното ниво на сон, кое за повеќето возрасни лица е меѓу седум и осум часа. Експертите дадоа одговори кои би можеле да ве изненадат
Станува потешко да се фокусирате на ментални и физички задачи. Експертите истакнуваат дека сонот е неопходен за здравјето. Кога не спиеме доволно, потешко е да останеме будни, потешко е да се фокусираме на работата и возењето.
Памтењето и расположението ви се намалуваат, а апетитот ви се зголемува. Лекарите истакнуваат дека, верувале или не, губењето на драгоцените часови сон и пиењето прекумерни количини алкохол имаат слични физички последици. Губењето на сон е поврзано со оштетување на меморијата, лошо расположение, зголемен апетит и намалени рефлекси.

Долготрајниот недостаток на сон може да доведе до хронични заболувања. Краткорочните ризици од губење на сонот се работи што сите ги знаеме – чувство на поспаност и тешкотии со концентрирање – вистинскиот ризик е она што сложениот недостаток на сон може да го направи со текот на времето. Долготрајниот недостаток на сон е поврзан со зголемен ризик за хронични здравствени болести како што се висок крвен притисок, срцеви заболувања, дебелина.
Не можете да го надоместите изгубениот сон. Најдобро е да одржувате редовни навики за спиење на долг рок, а исто така не можете да научите да живеете со помалку сон. Најдобар начин да се обезбеди адекватен и квалитетен сон е да стекнете добри навики за спиење. Ова значи извршување на рутина со постојано време на спиење и будење секој ден – дури и за време на викендите. Редовното вежбање помага, како и избегнувањето на кофеин или алкохол пред спиење. Нашата околина е од суштинско значење – ни треба мирна, тивка, темна и ладна локација каде што редовно спиеме.

Пронајдете не на следниве мрежи: