Многу луѓе мислат дека шолјата кафе може малку да ги отрезни по пиењето алкохол, но ефектот на кофеинот всушност може да биде опасен. Истражувањата покажаа дека мешањето алкохол и кафе го зголемува ризикот од незгоди и повреди. Можеби сте чуле дека една чаша кафе ги поништува ефектите на алкохолот, но тоа не е баш точно.
Што се случува со вашето тело кога пиете кафе по консумирањето алкохол?
Кога почнувате да пиете, нивото на алкохол во крвта се зголемува, се чувствувате возбудени и тој ефект трае околу час и половина, а потоа нивото паѓа и се чувствувате уморни.
Тогаш, кофеинот може да ви помогне затоа што ве „поткрева“, дејствувајќи како противмерка на заморот предизвикан од алкохол. Ова е причината зошто кафето често се служи по ручекот. Но, тоа што се чувствувате расонети по пиењето кафе не значи дека сте трезни.
Сè уште има намалување на когнитивните функции, а тоа ќе престане само кога црниот дроб ќе го апсорбира целиот алкохол и ќе се разгради во организмот, но кафето нема да го забрза тој процес.
Напротив, постојат истражувања што покажуваат дека мешањето алкохол и кафе може да ги влоши работите. Едно истражување открило дека на тој начин сте изложени на поголем ризик од незгоди и повреди. Покрај тоа, можете да пиете уште повеќе алкохол поради кофеинот. Имено, кафето го поништува заморот од алкохолот, па можеби мислите дека сè уште можете да пиете, а всушност сте веќе прилично пијани.
Затоа, ако се опиете, не посегнувајте по кафе, туку одете во кревет и наспијте добро, тоа е единственото решение што навистина функционира.